Машини за одстранување на изолација Rittmeyer

Rittmeyer

BERI.CO.MAX V2

Основни технички податоци

BERI.CO.MAX V2 е машина за отстранување на изолација од големи кабли, дизајнирана е за обработка на коаксијални и високонапонски кабли од околу 1.0 mm (0,04 ”) до 24,0 mm (0,95”) (глава од типот K2) и за отстранување на должини на изолација до 100.0мм (3,94 ”). Оваа машина обезбедува работен опсег кој е единствен досега.

BERI.CO.MAX V2 - отстранување на изолацијата на коаксијалните кабли. Главата од типот К2 користи глава за отстранување на изолацијата со 4 сечила, каде што сите сечила се на иста линија за сечење за правилен исечок под прав агол. Со оваа глава е можно да се отстрани изолацијата:

  • “Korugovanim“ коаксијални кабли
  • “Sucoform” кабли

BERI.CO.MAX V2 – Дизајниран за високонапонски кабли

BERI.CO.MAX V2 е специјално дизајниран за обработка на високонапонски кабли. HV каблите станаа важна апликација за одстранување на изолацијата. Ве молиме проверете ја нашата специјална кабелска HV услуга за вас. Во последниве години имаме обработено над 200 различни типови кабли за висок напон.

Испрати барање
BERI-CO-MAX-V2

AM.STRIP.1

Основни технички податоци

Универзална полуавтоматска машина за одстранување на изолација, за економично производство на мали и средни серии. Употребата на специфични ножеви во зависност од обработуваниот кабел, овозможува обработка на скоро сите стандардни кабли. Машината можи да обработува кружни кабли со надворешен дијаметар од 0,5 до 15 mm, рамни кабли широки до 20 mm. Максималната должина на целосно отстранување на изолација е 65 mm, додека на дел е 250 mm.

Испрати барање
AM.STRIP.1

AM.STRIP2, AM.STRIP.2V i AM.STRIP.2/35

Основни технички податоци

Овие машини се универзални полуавтоматски машини за отстранување на изолација кај мали и средни серии. Употребата на специфични ножеви зависи од обработката на кабелот и овозможува обработка на скоро сите стандардни кабли. Користејќи специјални ножеви (призма), машината автоматски се прилагодува од стандардните поставки на друг дијаметар до 6 mm2 (во зависност од кабелот). Во ограничен опсег, и помали серии машината може да се користи и за сечење по должини. AM.STRIP2 - обработка на кружен кабел со надворешен дијаметар од 1,0 до 25 мм, рамен кабел со ширина до 35 мм, максимална должина на целосно отстранување на изолација е до 120 мм, а за делумно отстранување до 450 мм.

Испрати барање
Rittmeyer-AM-STRIP-2

AM.STRIP.500, 700 i 1000

Основни технички податоци

AM.STRIP.500 е пневматска, полуавтоматска машина за отстранување на изолација за индустриски кабели до 30 mm на надворешниот дијаметар (стандард) и должина на отстранување од 500 mm. AM.STRIP.750 и AM.STRIP.1000 се машини за поголеми должини на кошулиците од горе наведените димензии. За кабли со максимална димензија на надворешен дијаметар од 10 mm и поголеми должини на отстранување ѓи препорачуваме AM.STRIP - машини во специјална верзија со помал долг цилиндар. Во случај на подолги отстранувања, потребно е да се извршат тестови.

Испрати барање
Rittmeyer-AM-STRIP-500-700

AM.STRIP.015

Основни технички податоци

Пневматската машина за отстранување на изолација AM.STRIP.015 е специјално изработена за изолација која е тешка за обработка. Со V ножеви кои се користат во стандардната верзија, сите стандардни изолации може да се обработуваат оптимално. За посебна изолација која е тешка за обработка како што се : тефлон, силикон, неопрен и слично можи да се монтираат специјални ножеви. Машината исто така може да обработи кружен кабел со надворешен дијаметар до 5 mm, дијаметар на проводникот од 0,15 до 4,0 mm2 и рамни кабли со ширина од 8 mm. Должината на отстранувањето изнесува 1,5 до 15 mm, додека должината на вметнувањето изнесува 9,0 mm + должината на отстранувањето.

Испрати барање
Rittmeyer-AM-STRIP-015

AM.ALL.ROUND

Основни технички податоци

Со оваа машина можете лесно и практично да ги извршувате задачите на прецизно отстранување на изолација и во зависност од текстурата на коаксијалните кабли. Без многу потешкотии, можете да отстранувате исклучително тешка изолација за обработка , за која до сега не сте биле во можност да ја обработувате. Машината ги обработува тркалезните кабли со надворешен дијаметар од 2.0 - 24 mm, должината на отстранување (вкупно) е 5-160 mm.

Испрати барање
Rittmeyer-AM-ALL-ROUND

ELMA.STRIP.020

Основни технички податоци

ELMA.STRIP.020 е брза и моќна машина за отстранување на изолацијата со време на обработка од само 0,8 секунди за обработка на едножилни и повеќежилни кабли. Процесот на отстранување започнува со вметнување на кабелот што сакате да го обработите во машината, која потоа го обработува во даденото времето за обработка. Главата за отстранување е дизајнирана на таков начин што ножевите се движат еден кон друг, обезбедувајќи висококвалитетно отстранување. Можност за обработка на кружен кабел со надворешен дијаметар од 0,5 - 8 мм, рамен кабел широк до 10 мм и должина на отстранување на изолација 1,5-20 мм.

Испрати барање
Rittmeyer-ELMA-STRIP-020

AW.TWIST.15

Основни технички податоци

Целта на оваа машина е отстранување на изолација и плетење на кабли со дијаметар од 0,03 mm2 до 4 mm2 или 4,5 mm надворешен дијаметар (во зависност од изолационите својства). Должината на отстранување на изолацијата е од 1,5 до 15 мм.

Испрати барање
Rittmeyer-AW-TWIST-15